May 2, 2024

МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ

МИКРО ТУРБИНИ

Вовед во микро-хидро турнините
Микро-хидро турнините се однесуваат на хидроенергетски системи со моќност од 100kW или помалку.  Микро-хидро системите се разликуваат од големате хидро електрани, бидејќи потребните текови се многу помали.

Микро-хидро турбинските системи биле популарни во помалку развиените земји, овозможувајќи им на руралните заедници да ги уживаат придобивките од електрификација во области со хидроенергетски потенцијал, но без приклучок на мрежа. Новата технологија, помалку строгата регулатива за приклучување на мрежа на микро-хидрогенератори и стандардизираните турбински дизајни, сега поттикнуваат поголем интерес за микро-хидроелектраните и кај нас.

Кои се придобивките? 
Значителни придобивки од микро-хидроенергијата се следните:
– Извор на на електрична енергија  “без фосилни  горива”,
– За  разлика од големите хидро електрани, влијанието врз животната средина и импактот врз околината од нивната инсталацијата се скоро занемарливи,
– Обновливите извори на енергија помагаат да се намалат емисиите на стакленички гасови и имаат позитивно влијание врз животната средина,
– Константност на работа  на долги периоди, за разлика од ветерот и соларната енергија,
– Добра корелација со побарувачката (повеќе хидроенергија е достапна во зима, кога побарувачката на електрична енергија е голема),
– Долг животен век на системите, 25 години или повеќе со ниски трошоци за одржување и тековни трошоци,
– Разумен период на враќање на инвестицијата , често 10 години или помалку.

Каде може да се инсталира?
Постојат три главни типови на локации кои се  достојни за разгледување, за развојот на микро-хидроелектраните:

1.   На места каде  некогаш беше  користени ВОДЕНИЦИ,

2.  МЕСТА И ПОДРАЧЈА со пролетни и целогодишни води. Постојат турбини за производство на електрична енергија кои можат да се користат и за прилично мали пролетни водотеци,  ако падот е доволен. Овие локации често може да се развиваат со разумни трошоци, бидејќи не се потребни цивилни структури поврзани со големи текови на вода, како што се брани.

3.   КАСКАДИ И БРАНИ

                 МОДЕЛ                            ПАД (m)                      ПРОТОК (l/s)
  PowerSpout PLT (Pelton)
                   3 – 130
                 0.1 – 10
  PowerSpout TRG (Turgo)
                   2 – 30
                   8 – 16
PowerSpoutLH(МАЛ ПАД)
                    1– 5
                  25 – 56
   PowerSpout LH-МИНИ
                     1 – 5
                   14 – 31
Неколку модели на мини и микро турбини
Максимална снага

Максимална снага по поединечна турбина

Графикон на сумирани перформанси на турбини

Графикон на сумирани перформанси на турбини

Црвените линии се 1, 2, 5, 10 турбини PowerSpout Pelton (PLT), соодветно
Жолтата линија е 1, 2, 5, 10 турбини PowerSpout Turgo (TRG) соодветно
Сините линии се 1, 2, 5, 10 турбини со ниска глава PowerSpout (LH), соодветно

Согласно на овој графикон може да се направи  избор

Facebooktwitterlinkedinrssyoutube
error: Content is protected !!